Volkswagen Golf од втората генерација, со преку 1300 коњски сили

Најекстремното тјунирање на Golf II е можеби надвор од границите на разумот и физиката, но сето тоа е за да се привлече што поголемо внимание каде и да се појави.

VW Golf II, оставајки траен белек, и ден денес е значајно име во автомобилскиот свет, но не поради перформанси, комфор или изглед, туку затоа што тоа е вечен. Овој тјунинг открива сосема поинакво лице на легендарниот Golf.

Со потпис  на „MTech Motorsport“, моторот развива повеќе од 1.300 коњски сили. Од голема помош не е ниту погонот на сите тркала. За успешно управување со овој несекојдневен автомобил потребно е многу возачко искуство како и среќа за постигнување врвни резултати. Минатата година, автомобилот 1/4 милја ја измина за 8.89 секунди со излезна брзина од 269 км/ч. Претходниот обид на патеката „Santa Pod“ беше помалку импресивен, постигнувајки брзина од 251 км/ч. Во видеото подолу, погледнете како тоа изгледа.

Предложена објава:
A3 слави 20 години постоење

Првата верзија на Audi A3 со три врати е претставена...

Close