Volkswagen го претстави нивното ново, модерно патничко комбе

Volkswagen на саемот во Детроит го претстави концептот I.D. Buzz.


Станува збор за нов електричен модел, т.е електрично возило. I.D. Buzz е всушност продукциска изведба на концептот наречен ID, претставен на саемот во Париз и понатамошен развој на минатогодишната студија наречена Buzz.

Buzz се напојува со електричен погон кој се состои од два електрични мотори, еден на предната и еден на задната оска, со комбинирана моќност од 375 HP. Батерија е со капацитет од 111 kWh. Погонот е на сите четири тркала, а автомобилот ќе забрзува до 100 km/h за околу 5 секунди. Неговата автономија ќе се движи околу 400 до 450 километри. Максималната брзина е електронски ограничена на 160 km/h.
Како една од најважните карактеристики на погонскиот дел, производителот укажува на фактот дека 80% од капацитетот може да се наполни за помалку од 30 минути со полнач со јачина од 150 kW.

Се разбира, Buzz се базира на платформата наречена MEB. Потврдено е дека во производство ќе има поефтина верзија со еден мотор, поврзан со нешто помала батерија. Со други зборови, ќе добиеме нешто послаби перформанси, но со помалку тежина и послабата батерија, ќе се обезбеди безмалку иста автономија.

Надворешниот дизајн е многу препознатлив и е одлична комбинација на модерни и ретро елементи, додека внатрешноста нуди простор за осум патници, богата опрема и модерен дизајн, со акцент на удобноста и имиџот. Овој нов модел е опремен со автономен систем за управување за кој Volkswagen предвидува дека ќе се појави на пазарот кон средината на следната деценија.

Производствената верзија пак, треба да се појави на пазарот до крајот на оваа деценија.

Предложена објава:
Euro NCAP: Suzuki Ignis краш тест

Suzuki Ignis на краш тест со основната верзија освои 3...

Close