Volkswagen го најави Tiguan Allspace

Volkswagen на претстојниот автомобилски саем во Детроит, на почетокот на следната година, ќе ја претстави All Space изведбата на моделот Tiguan.Тоа е всушност изведба која ќе понуди поголемо меѓуоскино растојание за 11cm и поголем простор во патничката кабина во која ќе може да се сместат седум патници.

Со други зборови, овој модел ќе има вкупна должина од околу 4,6 метри. Во споредба со стандардната верзија ќе се разликува по третиот ред седишта, како и подолгото меѓуоскино растојание. Поголемиот дел од дизајнот, палетата на агрегати, како и други компоненти, ќе бидат „пресадени“ од изведбата со 5 седишта. Се разбира, тука е и можноста за проширување на понудата на агрегати, со хибриден модел.

Продажбата на европските пазари ќе започне на почетокот од идната година, а повеќе ќе дознаеме по премиерата.

Предложена објава:
Euro NCAP: Toyota Hilux краш тест

Теренецот на Toyota освои максимални 5 ѕвездички на Euro NCAP...

Close