Volkswagen ги поправи своите мотори

VW претрпе огромна штета со Дизел скандалот. Сега конечно успеаа да ги исправат работите и своитe дизел мотори да ги прилагодат според прописите.

VW успеа својот дволитарски TDI мотор со ознака EA 189, кој беше главниот виновник, да му ги намали емисиите на штетни гасови до нормално ниво. Германското министерство за сообраќај им даде зелено светло и наскоро ќе почнат со одповикување на 800.000 автомобили во кои се вградени проблематичните мотори, за да им се заменат со модифицирани мотори.

Проблематичниот мотор најчесто се наоѓа во моделите Passat и CC. Заменета ќе се изврши кај три различни верзии на овој мотор со моќност од 110, 136 и 140 коњски сили. Сопствениците за промена ќе може да одат кај своите овластени VW сервисери. Додека за TDI моторот од 1.2 литри зафатнина, промената би требало да почне во втората половина на оваа година, но истата е одложена бидејќи нема одобрение од министерството за сообраќај.

За сега направена е замена на 50.000 автомобили кои се наоѓаат во Европа, но се проценува дека има околу 8.5 милиони автомобили и целиот процес ќе потрае неколку години.

 

Предложена објава:
BMW M3 и M4 G-Power со 600 коњски сили

G-Power уште од поодамна ги има модификувано BMW M3 и M4,...

Close