Warning: include(/home/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/wp-cache-base.php): failed to open stream: No such file or directory in /home1/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/wp-cache.php on line 72

Warning: include(): Failed opening '/home/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/wp-cache-base.php' for inclusion (include_path='.:/opt/cpanel/ea-php56/root/usr/share/pear') in /home1/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/wp-cache.php on line 72

Warning: include_once(/home/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/ossdl-cdn.php): failed to open stream: No such file or directory in /home1/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/wp-cache.php on line 92

Warning: include_once(): Failed opening '/home/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/ossdl-cdn.php' for inclusion (include_path='.:/opt/cpanel/ea-php56/root/usr/share/pear') in /home1/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/wp-cache.php on line 92
Во пресрет на големата награда на Монако, да погледнеме интересни факти за истата

Во пресрет на големата награда на Монако, да погледнеме интересни факти за истата

Трката за големата награда на Монако е можеби една од оние со малку или речиси без претекнувања, но тоа не ја прави помалку интересна од останатите.

Оваа трка се одржува на улиците на познатиот француски град Монако и се смета дека заедно со  Indianapolis 500 и 24 Hours of Le Mans е светото тројство во светот на тркачките патеки.
Интересен е и фактот што ова е единствената трка која не го почитува правилото на FIA, а тоа е дека секоја трка мора има должина од најмалку 305 километри. Трката трае 260 километри.

Инаку, првата трка се одржала далечната 1929 година. Подебата ја издвојувал  William Grover-Williams со своето Bugatti. Уште еден интересен факт е тоа дека победникот на трката во далечната 1931 е единствениот „домашен“ победник.  Првите 4 трки всушност не биле признаени како „Интернационално гранд при“. Учесниците биле поканувани да учествуваат во истата. Но, со текот на времето станала популарна па го добила долго посакуваниот статус. Два пати до сега била одржувана и како „Големата награда на Европа“, во 1955 и 1963.

Единствениот, иконата на Ф1 трките, дождовниот човек, Ayrton Senna, го држи рекордот за најмногу победи на оваа патека, 6. Дури 5 од овие победи се издвојувани последователно, од 1989 до 1993. Интересно е и тоа дека само еден возач има издвојувано две последователни победи но за различен тим. Тоа е шпанецот Fernando Alonso. Во 2006-та возејки за тимот на Renault, а во 2007-та за McLaren. Инаку, покрај „дождовниот човек“, со своите 6 победи, тим, односно конструктор, кој има најмногу победи на оваа патека е токму McLaren, со 15.
За потсетување, лани победи Hamilton, втор беше Ricciardo иако стартуваше од првата позиција, а како трето пласиран заврши Perez. Најбрзиот круг го постигна Hamilton, со време од 1:17.939.

Патеката во Монако е позната по тоа што е една тесна патека, која се случува на улиците на истоимениот град. Тука, можеби најважно е каква ќе биде стратегијата на тимовите, како ќе се одвива цела таа драма со влегувањата во бокс. Бидејки шансите за претекнување се сведени на минимум заради природата на патеката, тимовите се приморани да извлечат максимум од сета таа драма со менувањето на гумите. Но, иако се ретки, претекнувањата не се непознати за оваа патека. Тоа може да го видиме од видеото во прилог.

Предложена објава:
Денешните автомобили се дупло по снажни и по штедливи од оние од 1970ти

Во последниве децении, автомобилската индустрија претрпе драстични промени. Пред 40...

Close