Во пресрет на големата награда на Канада, да погледнеме што историјата има да ни каже за истата

Престојниов викенд не очекува Формула 1 трката во Канада, патека „Gilles Villeneuve“ каде трка за прв пат се оджала во 1961. Интересно, таа трка не била дел од календарот на Формула 1.

Низ текот на годините канадското гранд при ја менувала својата локација, односно патеката на која се одржувало. Првично се одржувала во „Mosport Park“ во Bowmanville, Онтарио, како и во „Circuit Mont“-Tremblant, почнувајки од 1961, па се до 1977. После 1971, поради безбедносни причини, се одлучило да се одржува само на „Mosport Park“, но тоа траело само до 1978, кога повторно поради безбедносни причини, се сели на сегашната патека.

Трката за големата награда на Канада, одржана во 2005та, била најгледаната Формула 1 трка во историјата. Исто така, била и трет најгледан спортски настан на годината, после „Super Bowl XXXIX“ и „UEFA Champions League Final“.
Во 2014та, организаторите најавија дека потпишале 10 годишен договор, што во превод значи дека ќе гледаме Формула 1 трки во Канада до 2024, доколку до тогаш не потпишат нов договор. Што мислите, ќе потпишат ли?

Сега да позборуваме малку за рекордите на оваа патека.
Најмногу победи има која ако не Michael Schumacher, дури 7. Lewis Hamilton има 5, а Nelson Piquet има 3. Следуваат Pedro Rodríguez, Jacky Ickx, Jackie Stewart, Alan Jones и Ayrton Senna со по две искачувања на највисокото место на подиумот. Како конструктори, по 13 пати се радувале  Ferrari и McLaren, Williams 7 пати,  Brabham 4, додека Lotus, Tyrrell, Benetton, Red Bull и Mercedes по два пати. Да напоменеме, Ferrari и Lotus имаат по две победи кога трката се уште не била дел од календарот на Формула 1.

Во сегашното издание, трката е долга 305,270 километри. Се возат 70 круга, што автоматски значи дека еден круг е 4361 метар. Лани пол позицијата му припадна на Lewis Hamilton со време од 1:12.812, кој беше и победник на истата со време од 1:31:05.296. Наредниоте две места на пиадесталот ги заземаа S. Vettel и V. Bottas, со заостанување од 5.011 секунди, односно 46,422 секунди. Најбрзиот круг во трката го извозе Nico Rosberg, а тој траеше 1:15.599.

Предложена објава:
РКЕ одлучи, од полноќ поевтини цени на горивата

Со денешната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика од полноќ ќе имаме...

Close