V8 на Audi заминува во историјата?

Најновиот V8 мотор на Audi најверојатно би бил и последен од таа серија, иако овие информации се сеуште непотврдeни од страна на компанијата.

Идејата на Audi е до 2025 година производството на електричните и хибридните автомобили да го зголеми за 25 до 35%, но со тоа тие ќе мораат да жртвуваат дел од своите мотори. Најдобар кандидат за тоа е новиот V8 мотор кој неодамна дебитираше во моделот SQ7. Станува збор за 4.0 литарскиот V8 мотор со 435 коњски сили, кој во SQ7 од 0-100 km/h развива за 4,8 секунди и достигнува брзина од 250 km/h.

Сепак моторот нема да биде веднаш отстранет од употреба, бидејќи според непотврдените информации Porsche има намера да го преземе за својот модел Panamera.

Предложена објава:
Нова генерација Ford Fiesta

За почетокот на 2017 година, Ford најави нова генерација на...

Close