Топ 10 – Најскапи автомобили во светот

Најскапите автомобили во светот се многу повеќе од само превозно средство.

Овие уметнички дела имаат перверзност и насилно однесување, но имаат предност во однос на практичноста и ефикасноста.

1. Koenigsegg CCXR Trevita – 4.8 милиони долари

Trevita е прв на нашата листа како најскап автомобил некогаш произведен во светот. Автомобилот е толку скап поради неговата изработка, буквално обложен со дијманти. Шведскиот произведувач развил нова завршна обработка која ја нарекол Koenigsegg Proprietary Diamond Weave (Дијамантска плетка во сопственост на Коенисегг) која вклучува покривање со карбонски влакна со диамантска прашина.

Под хаубата лежи 4,8 литарскиот V8 со двојни супер полначи со 1,004 Ks. Спецификациите на автомобилот како и цената се скоро смешни во овој момент, а само 3 вакви автомобили се некогаш направени.

2010-koenigsegg-trevita-v2-1440

2. Lamborghini Veneno  – 4.5 милиони долари

Преведено од Италијански јазик, името Veneno значи Отров. Име кое што Lamborghini го избра за модифицираниот Aventador, автомобил изграден за нивниот 50 роденден. Не можеме да коментираме за мотивите на компанијата, но избраното име е толку соодветно за овој автомобил кој изгледа толку позитивно смртоносно, толку неоспорно злобно.

Автомобилот е чудо од сите гледни точки, што изгледа како да не е од нашата планета. Неговата брзина и нема да не изненади. Неговиот 6,5 литарски V12 агрегат врти до 8.400 Rpm и испорачува 740 Hp, а од 0 до 100 km/h забрзува за само 2,9 секунди.

lamborghini-veneno

3. W Motors Lykan Hypersport – 3.4 милиони долари

Можеби некој се сеќава на Lykan во својата главна улога во франшизата Fast and Furious 7, каде што се сруши преку 3 облакодери во Дубаи, со што Lykan доби голем фокус од гледачите.

Но стилот на Lykan вклучува скапоцен украсен камен на фаровите, врати кои што се отвораат нагоре и ентериер како од научна фантастика. Lykan е опремен и со 3,7 литарски twin-turbo V6 мотор кој испорачува 770 Ks, па од 0-100 km/h забрзува за само 2,8 секунди и достигнува максимална брзина од 386 Km/h.

wmotors_img_1446439775

4. Limited Edition Bugatti Veyron by Mansory Vivere – 3.4 милиони долари

Како што знаеме од претходно Bugatti Veyron е на листата на најбрзи автомобили во светот, но и на листата за најскапи автомобили. Лимитираната верзија на Bugatti располага со 1.200 Hp, украсен со карбонски влакна, нов спојлер, надоградени предни Лед светла, како и обновена внатрешност. Лимитираната верзија на Bugatti достигнува брзина од неверојатни 408 km/h.

9-42

5. Ferrari Pininfarina Sergio – 3 милиони долари

Според цената, овој модел на Ferrari не е најскапиот автомобил на оваа листа, но е еден од високо престижните автомобили во светот и се направени само шест. Pininfarina Sergio е изграден од страна на италјанската дизајнерска куќа Pininfarina, што всушност Ferrari Pininfarina Sergio е во суштина Ferrari 458 Spider со комплетно нова надворешност и нов внатрешен ентериер. Sergio го поседува истиот 4,5 литарски V8 мотор како и кај 458 Spider, но е побрз и поснажен затоа што е многу полесен.

pinifarina-ferrari-sergio-22

 6. Pagani Huayra BC – 2.6 милиони долари

Pagani Huayra BC е со V12 агрегат од AMG и со најбрз круг на сите времиња на Top Gear, Huayra е ѕвер што јури понатаму и понатаму, па не е ни чудо што е именуван според богот на ветерот, Incan God. Сепак тоа не е се за Pagani. Во 2016 година на Geneva Motor Show, Pagani за првпат ја презнетираше Huayra BC, полесна, попожелна верзија, јака и агресивна.

Можете да кажете дека BC игра различна игра од Huayra, но BC е опремен со огромен заден спојлер, како и поширока задна оска, целосно изработен од карбонски влакна. Со 800 Hp и турбо полнач, BC може слободно да живее со своето побожно име.

2017-pagani-huayra-bc-4_1600x0w

7. Ferrari F60 America – 2.5 милиони долари

За 60 години Ferrari во Северна Америка, Италијанскиот бренд изработи само 10 примероци од овој прекрасен автомобил. На основа на F12 Berlinetta, F60 е несомнено патриотски автомобил кој ги носи боите на амриканското знаме. Со 6,2 литарски V12 мотор кој располага со 740 Hp е повеќе од доволно да постигне 100 km/h за само 3,1 секунда.

large-image_10571

8. Bugatti Chiron – 2.5 милиони долари

Со почетна цена 2.5 милиони долари и нов изглед, боженствениот Chiron го надминува својот претходник во секој поглед. Додека Bugatti Veyron редефинираше што тој автомобил е способен да направи, Chiron се смее на оние кои мислеа дека Veyron е последен од својата врста, а задено ги поместуваат границите во перформансите.

Монструозните спецификации на овој суперавтомобил се овозможени благодарение на преработката на 8.0 литарскиот V16 quad-turbo мотор, кој произведува неверојатни 1.500 Hp. Chiron е способен од 0 до 100 km/h да забрза за само 2.5 секунди и да продолжи со забрзување до максимална ограничена брзина од 420 km/h.

2bugattichironcarouselbrmarch2016

9. Koenigsegg One:1 – 2 милиони долари

Со 2 милинони долари можете да купите околу 80 Mazda MX-5 или некоја убава куќа, но исто така можете да го купите и Koenigsegg One:1 кој е изработен во ограничена количина. One:1 е избработен на база на Agera R, а со својата тежина и моќност, односот на тежина/моќност е 1:1, со 1.360 Hp и 1.360 килограми.

1468927133-koenigsegg-agera-one-1-zugelassen-1200x800-2d239f525125698f

10. Koenigsegg Regera – 2 милиони долари

Кога ќе се помисли на хибриден автомобил, паметот ни оди на McLaren P1, Porsche 918 Spider или Ferrari LaFerrari, но и Koenigsegg Regera не треба да е изоставен. Со вграден 5.0 литарски V8 twin-turbo мотор со 1.500 Hp, Regera е способен од 0 до 100 km/h да забрза за само 2.8 секунди, од 0 до 300 km/h за 10.9 секунди, додека до 400 km/h му се потребни само 20 секунди.

Овој автомобил е тежок само 1.469 килограми.

large-image_10964

Предложена објава:
Honda со нов концепт, Civic SI

Новата Honda Civic SI како концепт ќе биде претставена на автомобилискиот...

Close