Seat во соработка со Aqualia, тестира возила на биоплин

Автомобилскиот гигант Seat заедно со Aqualia, за првпат во светот ќе користат 100% биоплин, шпанско биогориво создадено од отпадни води.

Компанијата Aqualia која се занимава со дејности со вода на индустриско ниво, ќе работи заедно со Seat на проектот Smart Green Gas. Aqualia ќе произведува автоплин од врстата CNG, со што ќе се разликува од LPG. Овој биоплин емисијата на штетни гасови CO2 ќе ја намали и до 80% во споредба со бензиските мотори кај два Seat Leon TGI. Моментално возилата се на тестирање од страна на произведувачот.

Според Aqualia, фабрика со средна големина за преработка на отпадни води, може да произведе повеќе од 1.000 метри кубни автоплин дневно, што е доволно за 300 возила да поминат 15.000 km годишно.

Овој проект ќе привлече  истражувања и создавања на многу други алтернативни горива во шпанскиот автомобилски сектор за произведување на 100% биоплин, комплетно произведен од отпадни води. Smart Green Gas сака да го оптимизира и направи енергетскиот систем пофлексибилен, а со тоа да постигне поголема сигурност во ЕУ, обезбедувајќи поголема автономија и одржливост во градовите во кои еден ден ќе се спроведе овој систем.

Предложена објава:
РКЕ одлучи, од полноќ поевтини цени на горивата

Со денешната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика од полноќ ќе имаме...

Close