РКЕ одлучи, од полноќ поскапи цени на горивата

Со денешната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика од полноќ ќе имаме поскапи бензински и дизел горива.

Согласно денешната одлука, цените на бензините поскапуваат за 2 денари и дизел горива поскапуваат за 1,50 денари за литар. Со самото тоа цената на EУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 62,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 64,00 денари и дизел горивото ќе се продава со цена од 48,50 денари за литар.

Денешната одлука на РКЕ ќе биде во важност од полноќ, во текот на наредните две недели, кога се очекуваат нови цени за горивата.

Предложена објава:
Во пресрет на големата награда на Австрија, да погледенеме неколку интересни факти за истата

Трката за големата награда на Австрија за прв пат се...

Close