РКЕ одлучи, од полноќ поскапи цени на горивата

Со денешната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика од полноќ ќе имаме поскапи бензински и дизел горива.

Согласно денешната одлука, цените на бензините и дизел горивата поскапуваат за 2 денари за литар. Со самото тоа цената на EУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 68,50 денари и дизел горивото ќе се продава со цена од 53,50 денари за литар.

Денешната одлука на РКЕ ќе биде во важност од полноќ, во текот на наредните две недели, кога се очекуваат нови цени за горивата.

Предложена објава:
Ford Fiesta RS на тест за Rally Monte Carlo

Ford Fiesta RS WRC 2017 спремна за првата рели трка...

Close