РКЕ одлучи, од полноќ поскапи цени на горивата

Со денешната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика од полноќ ќе имаме поскапи бензински и дизел горива.

Согласно денешната одлука, цените на бензините поскапуваат за 2,50 денари и дизел горива поскапуваат за 3 денари за литар. Со самото тоа цената на EУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 64,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 66,50 денари и дизел горивото ќе се продава со цена од 51,50 денари за литар.

Денешната одлука на РКЕ ќе биде во важност од полноќ, во текот на наредните две недели, кога се очекуваат нови цени за горивата.

Предложена објава:
Тјуниран Fiat 500 Abarth

Германскиот тјунер Alpha-N Performance ни го претстави тјунинг китот за...

Close