РКЕ одлучи, од полноќ поевтини цени на горивата

Со денешната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика од полноќ ќе имаме поевтини горива.

Согласно денешната одлука, цената на БС-95 и дизелот поевтинуваат за 1 денар, додека БС-98 поевтинува за 0.50 денари. Со самото тоа цената на EУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 68,50 денари, додека дизел горивото ќе се продава по цена од 52,50 денари за литар.

Денешната одлука на РКЕ ќе биде во важност од полноќ, во текот на наредните две недели, кога се очекуваат нови цени за горивата

Предложена објава:
РКЕ одлучи, од полноќ поскапи цени на горивата

Со денешната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика од полноќ ќе имаме...

Close