Престојниов викенд ни следува големата награда на В. Британија, па да видиме неколку интересни факти за истата

Големата награда на В. Британија се одржува на добро позната патека „Silverstone“, која е лоцирана недалеку од истоименото село.Британското и Италијанското гранд – при се со најдолга традиција на одржување, т.е имаат најдолг континуитет на одржување. Интересно, сите трки се одржани во Англија, иако, нели, обединетото кралство е составено од повеќе членки. Но токму Англија е седиштето на авто индустријата на обединетото кралство, па можеби тоа е причината. Во периодот од 1955 до 1977 пет пати е одржувана како големата награда на Европа.

Првата официјална трка за големата награда на В. Британија се одржала далечната 1926, на која победил тим од дури двајца французи, Louis Wagner и Robert Sénéchal. Во 1930те се оддржале неколку неофицијални трки во Donington Park, каде доминирале „Mercedes“ и „Auto Unions“.
Првата трка на „Silverstone“ се одржала 1948 и се одржува се до ден денес. Многу од тркачите патеки, вклучувајки ја и „Silverstone“ биле половично и челосно уништени за време на втората светска војна. По завршетокот на војната, патеките биле обновени.

Првата трка на Silverstone, како што напоменавме, се оджала во 1948, на која победил Luigi Villoresi со своето „Maserati“. Во 1949 се направени драстични промени на патеката, со што истата станала многу побрза. Истата конфигурација останала непроменета со декади. 

Лани, победата ја издвојува Luis Hamilton, со време од 1:34:55.831, стартувајки од пол позицијата која ја освои со време од 1.29.287. Друштво на подимуот му правеа M. Verstappen и N. Rosberg, со задоцнување од 8.250 секунди, односно 16.911. Најбрзиот круг беше забележан од Nico Rosberg, со време од 1:35.548.

 

Предложена објава:
РСБСП: Апел за безбедно учество во сообраќајот за новогодишните празници

Останете безбедни во сообраќајот и уживајте во празниците Во пресрет...

Close