Погледнете како изгледа новиот Aventador

Шест години по лансирањето на наследникот на Lamborghini Murcielago, пристигнува целосно редизајниран Aventador.

Новиот модел  има додадено „Ѕ“ во името, а тоа не е случајно. Новиот Aventador Ѕ е по агресивен, посилен и побрз, се разбира. Промените и не се толку мали, па затоа може да се каже дека ова е една нова генерација на еден добро познат лик меѓу спортистите.

Она кое Lamborghini го прави високо рангиран во светот на суперспортските автомобили ќе остане непроменето. Тоа секако е срцето на автомобилот.  6.5 литарскиот V12 агрегат, сега со помош на променлив тајминг на вентилите обезбедува 40 коњски сили повеќе. Вкупно развива 740 коњски сили и 690 Nm, а достигнува и вртоглави 8.500 врт / мин. Преносот на силата е на сите тркала преку седум степен мануелен менувач, додека новиот издувен систем е 20% полесен. Новина во понудата на Lamborghini е системот за вртење на задните тркала, што е причината за целосно преработена шасија. Кога сето тоа ќе се земе во предвид, очекуваме зголена маса на возилото. Но таа изнесува само 1,575 кг.

По агресивната надворешност на новиот Aventador придонесува за подобра аеродинамика. На пример, „downforce“-от е подобрен за 130%, а подвижното задно крило со 3 позиции ја подобрува аеродинамиката за 50%. Без сомнение, Lamborghini има направено одлична работа, особено затоа што во најголем дел е задржан првичниот изглед.

Lamborghini Aventador брзината до 100 km/h постигнува за 2,9 секунди, додека максималната брзина изнесува 350 km/h.
Како стандардна опрема во автомобилот доаѓаат керамички сопирачки и специјални Pirelli P ZERO гуми, а таблата со инструменти и инфозабавниот систем збогатен е со Apple CarPlay.
Првите испораки се очекуваат во текот на идната пролет, а почетна цена за европскиот пазар изнсува 281.555 евра.

 

Предложена објава:
Кратка историја за Корејскиот производител Daewoo

Корејската компанија Daewoo за производство на автомобили била основана во...

Close