Овој SUV модел е побрз од Bentley Bentaygа, Ferrari 488 и Teslа Model X

Иако ова е само прототип, Faraday Future е уверен дека нивниот модел има најдобро забрзување, што се потврди со видеото во прилог.

После неколку најави, ни доаѓа и снимка од која дознаваме дека тестовите покажале дека нивниот нов модел е ѓаволски брз, дури побрз од првичните очекувања. На почетокот,  забрзувањето до 96 km/h се постигнуваше за околу 4 секунди, па се намали на 3,4 секунди. Сега изнесува помалку од 3 секунди, време кое заслужува огромен респект.
Од видеото може да се види како нивниот прототип се носи рамо до рамо со Bentayga, Ferrari 488 и Tesla Model X.

Предложена објава:
РКЕ одлучи, од полноќ поскапи цени на горивата

Со денешната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика од полноќ ќе имаме...

Close