Нови проблеми за Volkswagen со кој се опфатени околу 135.000 возила

Современите автомобили се незамисливи без електрониката што ги подобрува сите аспекти, како безбедност и удобност, но само додека таа работи.

 

Токму тоа е новиот проблем на најпопуларниот модел на Volkswagen, Golf, чии сопственици се повикани на вонреден сервис. Во моментов, 135.000 возила се присутни на пазарот во САД, произведени во 2009 година и 2010 година. Кога ќе се каже Golf во Америка, се подразбираат Jettа, Eos и Audi A3.

Според NHTSA, проблемот е во функционирањето на ABS-от. Поточно, беше откриено дека при активирање на ABS или ESC, компјутерот не ја врши работата, што резултира со губење на контролата над возилото. Затоа е потребно да се направи вонредно ажурирање на софтверот на модулот за ABS.

Ако за момент ја заборавиме Dieselgate аферата, во октомври минатата година беше последен пат кога Volkswagen имаше ваков тип на проблем. Тогаш тој повлече повеќе од 280.000 возила, за 3 различни проблеми, сите поврзани со системот за снабдување со гориво.

Предложена објава:
VW Polo петта генерација

После четвртата генерација на Polo, пристига петтата генерација која што...

Close