Nissan GT-R Nismo 2017

Новиот модел на Nissan кој е најавен за 2017 година е промовиран на Нирбургринг, каде што е тестиран и развиван.

За разлика од стандардната верзија, Nissan 2017 ќе има промени во предниот дел со нов браник изработен од карбонски влакна, поширока предна решетка V-motion и значително појачана предна хауба. Секако новиот GT-R има подобрено управување и стабилност, модифицирана суспензија, ентериер со редизајниран преден панел и управувач, кожа и алкантара, 8.0 инчен екран осетлив на допир и нормално Recaro седишта изработени од карбонски влакна.

Во новиот модел ќе биде вграден твин турбо 3.8 литарски V6 мотор со 600 коњски сили и 652 Nm вртежен момент, поврзан на 6 степенски менувач со двојна спојка и погон на сите четири тркала.

Nissan GT-R 2017 ќе биде достапен во 5 бои на надворешноста, а се произведува во Токушима, Јапонија, додека моторот рачно се изработува во Јокохама.

Предложена објава:
Ќе се развива нов пикaп од Isuzu за Mazda

Isuzu и Mazda, до сега се „потпираа“ на Ford и...

Close