Необична промена на моторно масло на Volkswagen автомобил

Досега тешко дека некаде, во некој автомеханичарски сервис, работниците се имаат сретнато со вакво моторно масло. Вработените во овој бразилски автомеханичарски сервис ја имаа таа привилегија.

Знаеме дека германските возила, од кои не е исклучок и Volkswagen, важат за возила со огромна издржливост. Тие се возила со одличен квалитет, високо реноме, а токму Volkswagen води битка со Toyota за тоа чии автомобил е на врвот на листата „најпродаван автомобил на сите времиња“.

Имаме видено случаеви каде моторно масло ја поминало граница од 10000 км, препорачаниот максимум за тоа колку би требало да пројдеме пред да мора да го смениме маслото. Но, овој случај е уникатен сам по себе. Маслото е толку густо, што може само да претпоставиме што се случило.

Предложена објава:
BMW M4 Ultimate drift

Неодамна на YouTube се појави видео од дрифт на BMW...

Close