Мотоциклист се заби во задниот дел на автомобил

Овој мотоциклист, кој ни доаѓа од САД, ја сними својата несреќа која беше трагикомична.

Со камерата која се наоѓа на неговата кацига, возачот на моторот ја сними цела ситуација во која доби бесплатно возење од неколку десетина метри. Имено, еден невнимателен возач на син Toyota седан, иако со вклучен трепкач, престројувајки се, го пресече патот на мотоциклистот, а овој немајки избор, удри во автомобилот.
Интересно е тоа што и покрај ударот кој го доби, возачот на автомобилот не престана да се движи, па мотоцклистот мораше да му даде дознаење дека има „гостин“ на задниот дел на автомобилот. Одкако застана и го отвори прозорот, се виде дека возачот на автомобилот е премногу збунет и единственото нешто што кажа беше „Извини“. Но, јасно можеше да се види дека на неговата стоеше мобилен телефон. Веројатно тоа е причина за несреќата.

Што се случи понатаму, за жал не знаеме. Но како и да е, со ова видео испраќаме еден апел до сите возачи, било со мотор и автомобил, во град или на автопат, иако имате вклучен трепкач, погледнете во ретровизор пред да се престроите. Инаку последиците можат да бидат и катастрофални.

Предложена објава:
BMW M3 и M4 G-Power со 600 коњски сили

G-Power уште од поодамна ги има модификувано BMW M3 и M4,...

Close