Mercedes со нови концепти

До 2020 година Mercedes ќе претстави нови модели, две лимузини и два SUV модели на струја.

Наскоро на купувачите ќе им биде понудено серија од електрични возила, кои како што велат од Mercedes визуелно ќе се разликуваат од стандардните автомобили. Од Mercedes очекуваат дека продажбата ќе биде одлична, со оглед на тоа што германската влада најавила субвенции за купување на електрични возила од 4.000 евра.

Најавените лимузини ќе бидат темелени на C-class и S-class моделите, додека SUV возилата на GLA и GLC.

Mercedes развива своја серија на електрични агрегати, кои ќе имаат моќност од 100 ks до 533 ks. Па останува да ја дочекаме 2020 година за да ги видиме новите модели.

Предложена објава:
Продолжение на приказната за Америка и Golf возилата зафатени со аферата „Dieselgate“

Американците се уште се надеваат дека можат да заработат на...

Close