Warning: include(/home/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/wp-cache-base.php): failed to open stream: No such file or directory in /home1/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/wp-cache.php on line 72

Warning: include(): Failed opening '/home/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/wp-cache-base.php' for inclusion (include_path='.:/opt/cpanel/ea-php56/root/usr/share/pear') in /home1/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/wp-cache.php on line 72

Warning: include_once(/home/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/ossdl-cdn.php): failed to open stream: No such file or directory in /home1/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/wp-cache.php on line 92

Warning: include_once(): Failed opening '/home/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/ossdl-cdn.php' for inclusion (include_path='.:/opt/cpanel/ea-php56/root/usr/share/pear') in /home1/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/wp-cache.php on line 92
Mazda - Повторно ништо од нoвиот суперспортист со ротирачки мотор

Mazda – Повторно ништо од нoвиот суперспортист со ротирачки мотор

По силните гласини и шпекулации во текот на изминатите неколку години, а по презентацијата на прекрасниот концепт наречен RX Vision, се чини дека сепак нема да има ништо од моделот за кој се веруваше дека ќе го носи името RX 9.

Во едно интервју, шефот на Mazda, Masamichi рече дека производителот нема планови за развој и производство на спортски автомобили поголеми од MX 5. Прашан за можноста за лансирање на еден ваков автомобил, тој одговори дека верува дека  MX-5 со 1,5 и 2,0-литарските мотори треба да обезбеди поголемо задоволство при возењето.

Од друга страна пак, нагласи дека не е ставен крај на развивањето на следната генерација на ротациони или Wankel мотороти. Поточно, потврди дека е потребно да се поработи повеќе на развојот на новиот мотор, а со цел пред пуштање во производството да се осигура дека нема да бидат краткотрајни и дека ќе ги задоволат идните стандарди за емисија на штетни гасови, како и за решавање на некои други прашања.

На крајот, тој додаде дека, ако новиот ротационен мотор го пронајде своето место на пазарот, поголеми се шансите да биде генератор на електрична енергија, или т.н.. зголемувач на опсег во хибридните автомобили, а не да биде самостојна напојувачка единица, односно главен извор на енергија.

Предложена објава:
Да удриш во банкина со автомобил е лошо, поготово ако возите изнајмен Ferrari 458 Italia

Младиот и надежен 26 годишник одлучи да го искуси ова...

Close