Корејците порачуваат: Направете автомобил што ќе ни се допаѓа

Уделот на американските автомобили на пазарот во Јужна Кореја е занемарлив, а најверојатно и ќе остане така.

За време на посетата минатата недела на Претседателот на Јужна Кореја на Вашингтон, Доналд Трамп изјави дека САД мора да стори повеќе за да се намали трговската нерамнотежа со Јужна Кореја и дека автомобилската индустрија на САД е таа која највеќе треба да се потруди.

Јужна Кореја е 11-ти пазар на автомобили во светот, но исто така е еден од најконзервативните. Мнозинството го сочинуваат локалните производители, додека учеството на високо ценетите европски брендови е околу 15%. Американците сепак, и покрај трговските договори со Кореја, имаат учество од не повеќе од 1%.

Голем број на експерти, како и претставници на корејската влада велат дека олеснувањето на трговијата не претставува можност за драстично раст на конкурентноста на американски автомобили. “Она што сакаме да кажеме е дека САД прават добри автомобили, но дека треба да прават автомобили кои ќе ги сакаат граѓаните на Јужна Кореја”, изјави за Ројтерс претставник на владата на Јужна Кореја.

Експертите веруваат дека во Кореја има лоша перцепција на американски автомобили. На кратко, американските брендови заостануваат зад европските во софистицираност, потрошувачка на гориво и општ впечаток. Единствениот позитивен исклучок се електричните автомобили како Tesla и GM Bolt, кој ни на глобално ниво немаат опасни ривали. Бар не за сега.

Предложена објава:
VW Polo петта генерација

После четвртата генерација на Polo, пристига петтата генерација која што...

Close