Интересни факти за автомобилите што можеби не сте ги знаеле

Побаравме некои интересни факти за автомобилите и наидовме на неколку, па  доколку сте љубител на автомобили, сигурно ќе ви се допадне некој од нив.

Дали сте знаеле?

  • Ferrari произведува 14 автомобили на ден. Повеќето проиводители произведуваат илјадници автомобили дневно, како што е случајот со Ford, коj произведува од 8.000 до 10.000 автомобили дневно.
  • На воздушното перниче му се потребни само 40 милисекунди да се издиши.
  • Hong Kong е дом на повеќето Rolls Royce автомобили во светот.

  • 1 од 4 произведени автомобили доаѓаат од Кина.
  • 90% од возачите пеат додека возат, другите се срамат за да го признаат тоа.
  • Автомобилот е најрециклиран производ во светот.
  • Поголемиот број на Британските полицајци носат плишани мечиња за да ги утешат децата после сообраќајна несреќа.

  • Возачите убиваат повеќе елени од ловџиите.
  • 1 од 7 продадени автомобили во САД се продаваат во јужниот дел на Калифорнија.
  • Во 1925 година, можело да се купи автомобил на Ford за помалку од 300 американски долари. 55% од автомобилите кои се возеле во тоа време биле на Ford.

  • Во 2009 година, во Њујорк и Њу Џерси е докажано дека имаат најлоши возачи во Америка.
  • Потребно е 14 грамa на гас за стартување на просечно возило.
  • 16% од луѓето никогаш не ги перат своите автомобили.

  • Како обид за создавање обновлив извор на енергија, бил создаден автомобил кој работел на капучино. Системот на автомобилот ги конвертира користените зрна кафе во запаллив гас. Потреби се 56 еспреса за гориво потребно да се помине еден километар со “авто-пучиното”
  • Автомобилите во црвена боја се забранети во Шангај, Кина.
  • Најпрофитабилен производител на автомобили во светот е Porsche.
  • Потребни се околу 25 часа за да се изгради автомобил, а неверојатни 10 часа за да се исфарба автомобилот.

  • Додека Хитлер бил во затвор, напишал молба на Mercedes-Benz за кредит за автомобил.
  • Контролните табли на автомобилите првично биле дизајнирани за да спречат прскање на кал од коњските превози.
  • Плаќате 8 пати повеќе за литар големо лате Старбакс, отколку за литар гориво.

  • Највисоката казна некогаш дадена изнесува 1.000.000 американски долари. Му била дадена на швеѓанец кој бил фатен за брзо возење од 290 km/h. Во Шведска, износот на казната за брзо возење се пресметува врз основа на платата на индивидуата.
  • Најтешката лимузина тежи над 22.600 килограми и собира максимум 40 патници. Содржи три фоајеа и бар!
  • Патиштата првично се направени за велосипедисти, не за автомобили.

Предложена објава:
МТМ го надгради Audi RS3

Германскиот тјунер МТМ го претстави Audi RS3 со 502 коњски...

Close