Имаме старо – нов победник во изборот „мотор на годината“

Најдобар мотор за 2017 година е Ferrari 3.9 Biturbo од 488 GTB и 488 Spider моделите.

International Engine of the Year објави листа од најдобрите мотори во 13 категории, а севкупната титулата се врати во Ferrari. Како и во 2016 година, турбо агрегатот од Маранело е повторно број 1 во светот. Тој освои 251 поен и е исто така најдобар во категоријата „агрегати со зафатнина од 3,0-4,0 литри“. Второпласираниот во генералниот пласман е 3.0 турбо шест-цилиндричен мотор од Porsche 911 Carrera со 216 поени, а трет е хибридниот погон од BMW i8 кој освои 151 поен.

Иако обично станува збор за очекувани резултати, особено изненадување се случи во класата капацитет на агрегати од 2,5-3,0 литри. Тука Porshe буквално го уништи BMW со агрегатот од М2 и М3, освојувајќи 310 поени наспроти 135 поени, кои ги освоија BMW. Утеха за баварците е победата со хибридниот i8 од категоријата на капацитетот на моторот 1,5-2,0 литри, како и вториот три-цилиндричен турбо 1,5 во истата категорија.

 

Жирито кое е составено од 58 автомобилски новинари од 31 земји прогласи победници во 13 категории. Освен за волуменот, категории има и за еколошки мотори, новитети, спортски мотори и мотори со електричен погон.

Како што се очекуваше, Tesla со моделите S и Х издвои силна победа во областа на еко и електрични погони, пред BMW i3.

Победниците во секоја категорија се:
Меѓународен мотор на годината: Ferrari 3.9 V8 турбо
Перформансите на моторот: 3.9 V8 турбо Ferrari
Зелен мотор: Тесла електричен погон
Нов Мотор: 3.5 V6 Honda хибрид
Електричен погон: Тесла електричен погон
Над 4.0L: Ferrari V12 6.3
Меѓу 3.0 и 4.0L: V8 Ferrari 3.9 Турбо
Помеѓу 2.5 и 3.0: Porshe 3.0l турбо
Помеѓу 2,0 и 2.5L: Audi 2.5 турбо
Меѓу 1,8 и 2.0: Porsche 2.0 Turbo
Помеѓу 1,4 и 1,5: BMW 1.8l Hybrid
Помеѓу 1,0 и 1.4L: Peugeot – Citroen 1.2 турбо
Под 1.0l: Ford 0.9 турбо

Предложена објава:
Euro NCAP: Mercedes-Benz E-Class краш тест

Новата 2016 Е класа на Mercedes го помина тестот со...

Close