HPerformance ја претстави својата верзија на Audi RS6 Avant

Сериската верзија на моделот RS6 Avant е една од најбрзите и најспособните спортски каравани во светот.

Серискиот модел доаѓа со 4.0 литарски V8 twin-turbo мотор со 560 Hp и 700 Nm, од 0 до 100 km/h е способен да развиве за 3.9 секунди со што е директна конкуренција на Porsche, Lamborghini и Ferrari. Сопствениците со доплата ќе можат да изберат и Dynamic Plus пакет оперма која ги одстранува сите блокажи и Avant да постигне максимална брзина од 305 km/h.

HPerformance ја претстави својата верзија со неверојатни 700 Hp и 860 Nm, со што Avant е способен од 0 до 100 km/h да развие за 3.7 секунди и да постигне максимална брзина од 320 km/h. Тјунерската компанија најмногу измени има направено во механичкиот дел, додека надворешниот изглед е сосема исти како и кај серискиот модел. Моќноста на моторот е добиена со измени во турбополначите, вграден поголем интеркулер, нов усисен и издувен систем и модификации на компјутерот на автомобилот.

Static photo, Colour: Misano Red

Предложена објава:
Нов концепт од VW

Саемот за автомобили во Пекинг ги привлекол скоро сите светски...

Close