Google – „Пешаците да се задржуваат на хаубa“

Задржувањето на хаубата при евентуален удар на пешак, ќе спречи втор удар на земја со што би се предизвикале поголеми повреди.

На Google е одобрен патент за поставување на јако лепило на предната хауба на автомобилите. Идејата е во случај на судир со пешак или велосипедист, личноста да остане залепена на хаубата, со што би се спречил втор судир. До втор удар доаѓа кога автомобилот ќе го одбие пешакот кој што учествува во несреќата, по што паѓа на патот. Вториот удар е поопасен од првиот и често многу пофатален.

Се уште не е јасно какво лепило Google планира да користи за овој патент и како по несреќата пешакот ќе се одлепи од автомобилот…

1406

Предложена објава:
AC Schnitzer во M235i вградил мотор од M4

Тјунираниот M235i наречен „Хулк“, од 0 до 100 km/h развива...

Close