Golf GTI со најдобро време на стазата “Нирбургринг”

Новиот рекорд на стазата Нирбургринг го постави Golf GTI Clubsport S, со најдобро време од 7 минути и 49.21 секунда.

Претходниот рекорд го имаше Honda Civic Type-R со 7 минути и 50.63 секунди минатата година во март, кога беше поставено ограничување на брзината во одредени делови од стазата поради безбедности причини, со што се оневозможи поставување на нови рекорди.

Golf GTI Clubsport S новиот рекорд го постави со модификуван 2.0 литарски турбо бензиски агрегат од 310 ks и максимален вртежен момент од 380 Nm, поврзан на 6 степенски мануелен менувач. Автомобилот е опремен со 19 инчни алуминиумски фелни и пулу слик гуми со специјално прилагодена сузпензија наменета за возење на тркачки патеки.

Предложена објава:
ABT го надогради Audi RS6-R

Германскиот тјунер ABT го надогради и Audi RS6-R. Се работи...

Close