Ford ја пронајде најстарата Fiesta во Македонија

По повод 40 години Fiesta, Ford организираше потрага по најстарата Fiesta во Македонија.

Fiesta-та е произведена во далечната 1979 година, само 3 години по производството на првиот примерок. Во 40 години јубилеј на Fiesta, Ford ја постигна перфекцијата токму со ова возило.

„После неколку месеци барање, Бојан Тодоровски, сопственик на најстарата Fiesta, ни кажа дека возилото е во супер состојба. За него ќе приредиме мало изненадување. Имено, за 40-на дена ќе го реставрираме возилото. Потоа истото ќе биде повторно поставено овде на истото место, за и самите вие да видите како ќе изгледа. Во април идната година ни доаѓа нова генерација на Fiesta, меѓутоа со овие убавици ние сме среќни бидејки 4 години по ред Fiesta е најпродаван автомобил во својата класа во Македонија.“ – Посочија вработените во Mida Grand Motors.

„Се работи за возило од 1979 година. Го добив во наследство од дедо ми. Откако тој почина, домашните сакаа да се ослободат од истото, под изговор дека само зафаќа место. Но бидејќи сум љубител на олд-тајмери, решив да го задржам возилото. Со ова возило со моето семејство сме оделе меѓу другото и на одмори. Истото има поминато повеќе од 500.000 километри и се надеваме дека за десетина години ќе направиме јубилеј „50 години Ford Fiesta“.“ – Додаде сопственикот, Бојан Тодоровски.
„Во 1972 година одобрен е развој т.е производството, кое инаку се одвивало по името „BOBCAT“, како одговор на конкурентите Renault 5 И Fiat 127. Масовното производство започнало во 1976 година со планирани 200.000 возила годишно. Првично, Fiesta била произведувана со 3 врати, во патничка и товарна варјанта. Меѓу оскиното растојание изнесувало 2.286 cm, вкупната должина 2.565 cm, ширината 1.270 cm и висината 1.365 cm. Првата генерација се произведувала до 1983 година. Третата генерација, прва во чија понуда Fiesta била достапна со 5 врати, се произведувала од 1989 до 1997 година. Наредната, 4та генерација, ни донесува значителни дизајнерски промени, со значително поголеми димензии. Се произведува не само во 4те фабрики во Европа, туку и во Бразил и Јужна Африка. Големи дизајнерски промени претрпува и 5та генерација. Но не само дизајнерски, туку и промени во поглед на безбедноста. Добитник е на многу награди, претежно во Обединетото кралство. Моментално во продажба е 6та генерација, која ќе биде заменета во април идната година. Fiesta во текот на годините прерасна во значително поголемо, покомфортно и побезедно возило. Најпродавано возило од овој сегмент во последните 4 години во Европа и во Македонија. Најстариот примерок, што го имаме овде е од далечната 1979 година. Во сите овие 40 години, перфекцијата на Ford е постигната со Fiesta.“ – Додадоа вработените во Mida Grand Motors.

Предложена објава:
Škoda прогласена за најбезбеден автомобил во Велика Британија

Според направените истражувања на пазарот од страна на J.D.Power, Škoda...

Close