Ford Fiesta сеуште е најпродаван мал автомобил во Европа

Во петте најголеми европски автомобилски пазари (Германија, Велика Британија, Шпанија, Франција и Италија), Ford Fiesta во октомври е продадена во 18.847 примероци, што е за 8.9% повеќе од октомври минатата година.

Колку за потсета, во 2015 година Ford на европските купувачи испорачал 314.432 Fiesta автомобили, што е за 2% повеќе од 2014 година. Fiesta е петта година по ред лидер во продажбата во Европа на мали автомобили, почнуваќи од 2012 година.

Европските раководители на Ford се посебно горди на уште едни податоци што ги соопштил аналитичар за европскиот и светскиот автомобилски пазар, а тоа е дека Fiesta на спомнатите пет пазари е на второ место помеѓу 20 најбарани автомобили од сите категории и сите марки.

Според редовна анализа на месечно ниво која ја прави специјализирана компанија JATO Dynamics , соопштува дека сите главни конкуренти на Fiesta во октомври бележат осетлив пад на побарувачка на пазарот.

Предложена објава:
РКЕ одлучи, од полноќ поевтини цени на горивата

Со денешната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика од полноќ ќе имаме...

Close