Ford воведува вештачки звук на своите мотори

Според Ford, возачите на нивните автомобилски модели ќе трошат помалку гориво доколку воведат вештачки звук на моторот кој што ќе звучи како со еден цилиндер повеќе.

Ford направи напор за патентирање на вештачки звук на нивните мотори. Но тоа не го направија за возачите да уживаат во подобар звук на нивните автомобили, него да ги натера да трошат помалку гориво. Се работи во тоа да овој патент овозможува трицилиндерскиот мотор да произведува звук како да има еден цилиндер повеќе.

Од Ford тврдат дека возачите најчесто менуваат брзини по звукот на моторот, а тоа го прават на поголем број на вртежи во минута, со што резултира со поголемо потрошено количество на гориво. Ford исто така си игра со вештачки звук на моторите на нивните Mustang и Focus RS, но не со цел да се намали потрошеното гориво, него возачот да ужива во уште подобар звук на својот мотор.

Предложена објава:
Себастијан Огиер освои 1 место на рели патеката во Шведска

Себастијан Огиер оваа сезона ја потврди својата доминација со трета...

Close