Fiat и Amazon се здружија, Fiat започнува продажба преку Amazon

Гигантските компании Fiat и Amazon се здружија, автомобилите на Fiat ќе почнат да се продаваат на Amazon.

Првично продажбата ќе биде достапна само за купувачите во Италија, а ќе им бидат понудени три модели на Fiat – Fiat 500, Panda и 500L со што преку купување на интернет ќе бидат достапни и дополнителни попусти.

„Дојде време да понудиме на купувачите нови, поефикасни и потранспарентни начини за избор на нови возила“, изјави Џанлука Италија задолжен за работата на Fiat во Италија на конференцијата за новинари.

Предложена објава:
Нов караван од Subaru

Од Subaru најавија нова верзија на моделот Levorg. Новата верзија...

Close