Ferrari GTC4 Lusso

Кога во Женева 2011 година беше претставен моделот FF (Ferrari Four), новинарите го најавуваа како важен настан. Првиот модел кој го донесе погонот 4×4, а концептот 2+2 нудеше комфорт за четворица, додека дизајнот е класичен претставник на shooting-brake сегментот. Најбрзиот четворосед на светот се бореше со 612 Scaglietti додека се пензионираше, а 5 години подоцна го наследува GTC4 Lusso.

GTC4 Lusso со сите спомнати карактеристики доаѓа и со составот 4WS, со што би имало поголема стабилност и подвижност. Опремата е доста луксузна, па инфозабавниот систем доаѓа со 10,25 инчен екран.

Кога се работи за моќноста, во овој модел ќе биде вграден атмосверски 6.2 литарски V12 мотор со 680 коњски сили и 697 Nm, па од 0 до 100 km/h ќе забрзува за 3.4 секунди.

Почетната цена ќе биде 340.000 евра.

Предложена објава:
Google – „Пешаците да се задржуваат на хаубa“

Задржувањето на хаубата при евентуален удар на пешак, ќе спречи...

Close