Денешните автомобили се дупло по снажни и по штедливи од оние од 1970ти

Во последниве децении, автомобилската индустрија претрпе драстични промени.

Пред 40 години во Америка автомобилите во просек располагале со 147 коњски сили, а денес просекот е речиси двапати поголем, 287 КС. Тоа е повеќе од дури тогаш најмоќниот модел во пазарот, Aston Martin DBS. Големината на моторот се намалила за околу 42%, а потрошувачката на гориво за два пати, околу 8Л/100 км.

Да, денес моторите на автомобилите се дупло помали и двапати по моќни, „пијат“ помалку гориво и имаат подобро забрзување. Пред четири децении на просечен автомобил да забрза до 96 km/h му требале околу 14 секунди, а сега тој просек изнесува 7,2 секунди.

Интересно е дека во текот на минатата година на пазарот во САД се нуделе дури 18 модели  со повеќе од 600КС, а наскоро понудата ќе се збогати со европскиот BMW M5. На врвот дефинитивно е Dodge Challenger SRT Demon со над 800КС.  Два пати помалата потрошувачка на возниот парк на САД успеа со намалување на работниот волумен во просек на 3 литри, но и со инсталацијата на турбо полначи, како и употреба на хибриден погон. Исто така автомобилите „ослабеа“, па така на пример Chevrolet Camaro има изгубено околу 275 кг. Сигурно имаат некоја добра диета.

Без сомнение, денешните автомобили се побрзи, посилни и поекономични отколку нивните претходници. За безбедноста не треба да се трошат зборови, а за квалитетот и сигурноста мислењата се поделени. Се поголем е бројот на оние кои сметаат дека автомобилите биле посигурни во минатото. Но, тоа е веќе друга тема.

Предложена објава:
Audi R8 излета на стазата „Нирбургринг“

Возач со Audi R8 излета на стазата „Нирбургринг“. На видеото...

Close