Да удриш во банкина со автомобил е лошо, поготово ако возите изнајмен Ferrari 458 Italia

Младиот и надежен 26 годишник одлучи да го искуси ова моќно Ferrari, но задоволството не траеше долго.

Лошо е чувство кога ќе удрите со автомобил, а уште полошо кога тој автомобил е туѓо Ferrari и сето тоа е снимено со камера. Токму ова се случи на недоволно искусен возач кој изнајмил Ferrari 458 Italia. На видео се гледа дека возењето е на кривулест пат, а атмосверата се загрева дополнително заради совозачот. Агресивниот стил на возење придонесува за поголема возбуда, но на една кривина во лево, следува ладен туш.

Поради преголемата брзина на движење, т.е совладување на кривината, возачот се исплаши и го притисна педалот за сопирачките по што автомобилот ја напушти траекторијата на движење и удри во заштитната ограда. Во несреќата никој не беше повреден, додека автомобилот е прилично оштетен.

Предложена објава:
РКЕ одлучи, од полноќ поевтини цени на горивата

Со денешната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика од полноќ ќе имаме...

Close