Citroen работи на нови седишта

Поради хидро пневматската суспензија на Citroen, со децении има репутација како прозиводител на автомобили со најудобна вожња.

Citroen објави дека работи на нов интерен проект Advanced Confort, со што патентирале преку 30 нови решенија за подобрување на удобноста на едно ниво погоре. Новите седишта ќе почнат да се испорачуваат од наредната година, додека најголемата иновација е новата суспензија. Комбинација од пружини и хидраулика ќе нудат многу подобрена удобност, со што ударите и вибрациите ќе ги апсорбира каросеријата.

Последниот чекор е новиот материјал од кој ќе се произведуваат седиштата, а на корисниците ќе им бидат понудени повеќе видови на мемори пена.

Предложена објава:
Наградата „Дизајн Tрофи 2016“ ја освои новиот Tiguan

Новиот Volkswagen Tiguan ја освои наградата "Дизајн трофи 2016" што...

Close