BMW M3 и M4 G-Power со 600 коњски сили

G-Power уште од поодамна ги има модификувано BMW M3 и M4, но овој пат се одлучија додатно да го појачаат шест цилиндерскиот мотор на BMW.

Претходните модификации на M3 и M4 биле на 3.0 литарскиот шест цилиндричен мотор од 431 коњски сили и 550 Nm, појачан на 520 коњски сили и 700 Nm, потоа на 506 коњски сили и 720 Nm и последнава надградба Bi-Tronic 2 V3 е појачување на неверојатни 600 коњски или и 740 Nm. Максимланата брзина изнесува 320 km/h, а од 0 до 100 km/h забрзува за 3.7 секунди.

Во понудата се вклучени и тркала од 21 инчи, аеро пакет од карбонски влакна, спортски титаниумски издувен систем, модифицирана суспензија, појачани кочници и црна предна маска.

Предложена објава:
Jaguar F-Pace надограден од Lumma Design

Добриот вкус е агресивен каросериски bodykit. Поголемите отвори за воздух,...

Close