BMW 750D со нов 3.0 литарски мотор

„Seria 7“ на BMW наскоро ќе го добие најмоќниот дизел агрегат. Првите модели кој ќе го користат овој агрегат се 750D xDrive и 750LD xDrive до крајот на оваа година.

Од BMW велат дека новиот дизелски агрегат под многу мали вртежи во минута, ќе испорачува 394 коњски сили и максимален вртежен момент од 760 Nm, поврзан на 8-степенски автоматски менувач.

Оваа година исто така се очекува и хибриден автомобил од BMW, со назнаки 740E и 740LE xDrive. Комбинацијата на 2.0 литарски дизел и електричен агрегат кои ќе испорачуваат 322 коњски сили, би било доволно за забрзување од 0 до 100 km/h за 5.3 секунди.

Почетната цена за моделот 740E изнесува 88.830 евра.

Предложена објава:
’16 BMW 750i vs ’16 Mercedes S550

Close