Audi S3 Sedan надограден од ABT

Како што од претходно знаеме, ABT е Германска тјунинг компанија која ги надоградува Audi, VW, Seat и Škoda.

ABT претходно го надогради Audi RS6-R на неверојатни 730 Hp, но сега на ред стигна и S3 Sedan. Додека од Audi ни беше претставен RS3 Sedan со 2.5 литарски пет-цилиндарски TFSI турбо мотор со 400 Hp и 480 Nm, ABT во меѓувреме го подготви и ни го претстави Audi S3 Sedan со 2,0 литарски турбо мотор кои располага со 400 Hp и 500 Nm.

2017-audi-s3-by-abt-can-keep-up-with-the-rs3-sedan_5

Покрај моделот со 400 Hp, ABT нуди и послаба верзија од S3 Sedan со 370 Hp и 480 Nm, но и двете верзии се достапни со нови алуминиумски бандажи од 18 до 20 инчи.

2017-audi-s3-by-abt-can-keep-up-with-the-rs3-sedan_6

Од ABT не е наведено забрзувањето на овие два модели, но со оглед на фабричкиот модел на RS3 кој достигнува 100 km/h за само 4,1 секунда, можеме да го претпоставиме забрзувањето на моделите на ABT.

Предложена објава:
За пола година, Mercedes продал милион автомобили

За прв пат во своите 90 години, Mercedes испорачал милион...

Close