Audi R8 надграден од Wheelsandmore

Тјунерската компанија Wheelsandmore на Audi R8 V10 го вгради својот најснажен и најмоќен Stage 3 пакет, со што извлекоа вкупно 850 коњски сили. Моќноста на моторот е зголемена за 240 коњски сили со мапирање на компјутерот.

За возачот да може комплетно да го контролира ова моќно „чудовиште“, вграден е и Drexler деференцијал, додека издувниот систем е специјално рачно изработен за Audi R8.

Секако променети се и бандажите, па напред се вградени бандажи со димензија 9.5×20, додека позади 12×21, а на нив се монтирани пневматици со димензија 255/30-20 напред, односно 325/25-21 позади.

Предложена објава:
Првоаприлската шега на BMW, може да стане реалност

Во 2011 година, од страна на BMW беше претставена пикап...

Close