Американците претераа – Погледнете какви Golf автомобили враќаат назад на производителот

Балканците добија конкуренција, и тоа во Америка

Еден епилог од аферата „VW Dieselgate“,  чии трошоци достигна 14,7 милијарди долари,  е обврската на Volkswagen да се понуди да ги одкупи од сите сопственици автомобилите кои мамеле на тестовите за издувни гасови,  и тоа по цена иста со онаа пред избивањето на скандалот. Ова не значи дека автомобилот мора да биде во добра состојба, напротив, може да фали некој дел.

Многу од сопствениците во ова видоа можност за заработка, па се решија своите автомобили да ги „осиромашат“ пред да ги вратат кај производителот, односно пред тие да бидат одкупени. Всушност единствен предуслов е дека автомобилот мора да е во возна состојба и да има инсталиран 2.0 TDI мотор,кој не смее да е монтиран одкако возилото веќе го има напуштено производствениот погон.

Според достапните информации, дозволено е да се отстрани апсолутно се што не е директно или индиректно поврзано со моторот и агилноста на самото возило. Повеќе видни имиња од автомобилскиот свет ја контактираа службата за односи со јавноста на  Volkswagen, која потврди дека е важно само да автомобилот биде во возна состојба.

Во моментов, во Америка во големи размери активна е продажбата на делови од Volkswagen возила кои се вратени кај производителот. Се продава се, огледала, светилки, теписи, аудио системи, седишта и друго. Еден сопственик на Golf отишол малку подалеку во „соблекувањето“ на својот бивш автомобил, па ги извадил предниот браник и фаровите, а за возилото ја добил полната сума која ја платил.

Предложена објава:
Euro NCAP: Suzuki Ignis краш тест

Suzuki Ignis на краш тест со основната верзија освои 3...

Close