AC Schnitzer во M235i вградил мотор од M4

Тјунираниот M235i наречен „Хулк“, од 0 до 100 km/h развива за 3,9 секунди, каде што продолжува со забрзување до максимална брзина од 330 km/h.

Познатиот германски тјунер, специјалист за BMW, во M235i вградил мотор од M4 кој го освежил од 431 коњски сили и 550 Nm, на 570 коњски сили и 740 Nm. На „Хулк“ до 100 km/h му требаат 3,9 секунди, до 200 km/h 10,9 секунди и постигнува брзина од 330 km/h. Моќноста се пренесува преку 7 степенски автоматски менувач со вградено блокирање на дефернцијалот.

За перформансите, е заслужна и тежината од само 1.450 килограми. Кочниците се опремени со карбо-ќерамички дискови, 6 клипни шепи напред и 4 клипни позади. Целата сузпензија е превземена од M4 и додадени се 20 инчни бандажи.

Цената на целата оваа преработка изнесува „скромни“ 149.000 евра.

Предложена објава:
Официјално претставено Renault Clio Facelift

Актуелната четврта генерација на Clio се појави 2012 година, прво...

Close