Warning: include(/home/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/wp-cache-base.php): failed to open stream: No such file or directory in /home1/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/wp-cache.php on line 72

Warning: include(): Failed opening '/home/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/wp-cache-base.php' for inclusion (include_path='.:/opt/cpanel/ea-php56/root/usr/share/pear') in /home1/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/wp-cache.php on line 72

Warning: include_once(/home/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/ossdl-cdn.php): failed to open stream: No such file or directory in /home1/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/wp-cache.php on line 92

Warning: include_once(): Failed opening '/home/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/ossdl-cdn.php' for inclusion (include_path='.:/opt/cpanel/ea-php56/root/usr/share/pear') in /home1/avtoportal/public_html/wp-content/plugins/wp-super-cache/wp-cache.php on line 92
8 факти кои можеби не сте ги знаеле за Porsche Carrera GT

8 факти кои можеби не сте ги знаеле за Porsche Carrera GT

Porsche 918 Spyder се смета за последен крик во автомобилската индрустрија, но не треба да заборавиме на неговиот претходник Porsche Carrera GT.

Carrera GT поседува V10 мотор со импресивни 612 коњски сили кој е поврзан на шест степенски мануелен менувач. Но за ова поголемата јавност знае, па да видиме за кои факти станува збор што не им се многу познати на јавноста.

1. Не е за верување, но во почетокот на 2000 година компанијата се соочува со сериозни финансиски проблеми. Се поставува ограничување на спортските модели за развој на SUV моделот на Porsche. Кога Cayenne е пуштен во продажба, од јавноста доби многу критики, но токму тој модел ја спасува компанијата од пропаст, што значи дека немаше да го видиме Carrera GT.

2. Carrera GT е опремен со еден од најсофистицираните квачила меѓу сите сериски автомобили. На YouTube има многу видеа каде што сопствениците се обидуваат да го паркираат Carrera GT, при што автомобилот неочекувано гасне. Проблемот е во керамичкото квачило. Carrera GT е опремен со автоматски сауг кој помага при поаѓање, со што возачот потребно е да го отпушти само квачилото без да додаде гас.

engine1-169

3. Стандардната рачка на менувачот е изработена од дрво, поточно од бреза и јасен со цел да се одаде почит кон Porsche 917. Покрај тоа дрвото не задржува топлина и е полесно од алуминиумот. Дури во втората година од производството на Carrera GT, на купувачите им беше понудена опција за рачка изработена од карбон.

220930

4. Ако подетално ја анализирате надворешноста на автомобилот, ќе забележите дека централните навртки на бандажите се со различна боја, специјално маркирани од Porsche со цел да не дојде до забуна, бидејќи едниот комплет е со десен навој, додека другиот со лев навој. Од страна на возачот навртката е во црвена боја, додека од страна на патниците со сина боја.

5. Carrera GT е првиот сериски автомобил кој има шасија изработена од карбонски влакна, направена врз архитектурата од Porsche GT1, победник на Ле Ман во 1998 година, но потешка за 100 килограми.

6. Секако Carrera GT е скап за одржување. Па на пример промена на масло чини 1.200 долари, нов алтернатор 2.400 долари, ново ветробранско стакло 9.000 долари, керамичкото квачило 20.000 долари, додека нови гуми треба да се менуваат на секои 4 години и чинат 2.500 долари.

7. Интересно е и тоа што името Carrera GT, Porsche го има користено и порано, на моделите 356 A Carrera GT и 924 Carrera GT.

Porsche 356 A Carrera GT

Porsche 924 Carrera GT

8. Porsche Carrera GT започнува да се произведува во 2004 година. Првично се предвидени 500 примероци, за подоцна бројката да е зголемена на 1.000 и потоа на 1.500. За жал производството на Carrera GT е прекинато во мај 2006 година, кога се воведуваат значително построги мерки за воздушните перничиња. Производството на Carrera GT завршува со 1.270 возила.

Сега кога се наоѓаме во ера на хибридни возила, не треба да го заборавиме еден од најекстремните возила на Porsche во истроијата.

Предложена објава:
Топ 10 – Најдобри автомобили за 2016 година

Секоја година се одбираат најдобри автомобили. Оваа година автомобилите кои...

Close