1911 Fiat S76 со 28.3 литарски мотор со 290 коњски сили

Да се вратиме малку назад во автомобилската историја со 1911 Fiat S76.

Овој автомобил малку и застрашува, бидејќи поседува 28.3 литарски мотор со приближно 290 коњски сили, кои што за неговото време било вистински подвиг во автомобилската индустрија. Овој автомобил бил стартуван првпат по 100 години, а 10 години поминал во долг процес на обнова.

Fiat имаат изградено само два вакви примероци.

Управуван од Пиетро Бордино, S76 во 1911 година на Салтбурн Сандс поставил брзински рекорд од над 217 km/h на километарска патека во Остенеде во Белгија. Меѓутоа, на Fiat не му бил признат рекордот бидејќи не успеал да се врати во одредениот еден час.

Автомобилот наречен „Турин ѕверот“ со својата тежина од 1.650 kg, успеал да постигне максимална брзина од 290 km/h.

Овој посебен автомобил бил демонтиран после првата светска војна за да не дојде во раце на непријателот, а во 2003 година, автомобилот го нашол својот пат до Велика Британија, во раце на неговиот сопственик и инженер, Данкан Питаваи.

Автомобилот сега е комплетно функционален, и е спектакуларно да се види во акција. Па погледнете го видеото подоле.

Предложена објава:
Volkswagen го претстави нивното ново, модерно патничко комбе

Volkswagen на саемот во Детроит го претстави концептот I.D. Buzz....

Close