10 интересни факти за автомобилската историја

Автомобилите се околу нас уште од далечната 1796 година, кога првиот автомобил бил придвижен од мотор на пареа. Но во 1807 година Francois Isaac de Rivaz го дизајнирал првиот автомобил кој бил прдвижуван од мотор со внатрешно согорување.

Патувањето на модерните автомобили почнало во 1886 година, кога германскиот пронаоѓач Karl Benz создал автомобил со четиритактен мотор сместен во задниот дел помеѓу тркалата. Именуван како Benz Patent Motorwagen тоа бил првиот автомобил кој создавал своја моќ. Karl Benz бил наречен „пронаоѓач на современите автомобили“, со што својот патент го дал за да се продолжи со изработка на автомобили од тој тип.

Ние напишавме листа од 10 работи кои веројатно не сте ги знаеле за историјата на автомобилите.

1. Адолф Хитлер наредил на Фердинанд Порше да го произведе Volkswagen, што значи „Народен автомобил“ на Германски јазик. Првиот автомобил на Volkswagen е Beetle, кај нас добро познатата Буба.
Тоа што исто така е интересно да се знае е дека преживеаниот цртеж од 1930 година кој наводно бил дело на Хитлер, изгледа слично на сериската верзија на Буба. Цртежот прво е даден на Daimler Benz, а потоа на Porsche во Нирнберг.

2. Во 1971, кабинетот на премиерот Индире Ганди предложил воведување на призводство на „Народен автомобил“ за Индија, од кој договорот е даден на Сањаи Ганди. Пред да контактираат со Suzuki, Сања Ганди разговарал со Volkswagen AG за можна заедничка соработка која вклучува трансфер на технологијата и заедничко произведвање на индиската верзија на „Народнен автомобил“, за да се рефлектира на глобалниот успех на Volkswagen со Буба.

Како и да е, Suzuki го освои договорот со Volkswagen бидејќи е брз во прикажување на својот изводлив дизајн. Добиениот автомобил е заоснован на Suzuki моделот 796 кој продложил да ја преправа историјата на автомобилската индустрија во Индија, како Maruti 800.

3. Rolls-Royce Ltd. во суштина била компанија која произведувала автомобили и млазни мотори за авиони. Компанијата е основана во 1906 година од страна на Charles Stewart Rolls и Frederick Henry Royce.
Во истата година Rolls-Royce го претставиле својот прв автомобил Silver Ghost, а во 1907 година поставиле рекорд од 24.000 километри.

4. Најскапиот автомобил некогаш продаден на јавна аукција бил Mercedes-Benz B196P Formula 1 од 1954 година за неверојатни 30 милиони долари во Бонхамс, јули 2013 година. Претходниот рекорд го имал автомобилот од 1957 година Ferrari Testa Rossa Prototype, продаден во Калифорнија на јавна аукција за 16.4 милиони долари.

5. Како помлад Хенри Форд за поправка на саати на своите пријатели и фамилијата користел алати кои сам ги направил. Тој ги користел деловите што служат за затегање на облеката како пинцети, а клинците што се користат за кровни конструкции како штрафцигер.

6. Во претходната објава напишавме дека 55% од возените автомобилите во светот во 1916 година биле на Ford, но сега откриваме дека тоа бил моделот T Ford.

7. Некои од своите автомобили, Volkswagen ги именувал по ветровите. Passat – германски збор за ветерот околу екваторот, Golf – Голфската струја, Polo – поларните ветрови, Jetta – млазна струја.

8. Името на Британскиот луксузен автомобил Aston Martin доаѓа од еден од основачите Lionel Martin, коj го користел да се натпреварува во Aston Hill во близина на Aston Klinton.

Компанијата е во сопственост на Ford Motor Company од 1994 до 2007 година. Сепак Ford сеуште поседува акции за компанијата.

9. Првиот автомобил кој што се возел на пат, поседувал лост наместо волан за да може да се управува. Тој бил дизајниран и функционирал како палка.

10. Боб Марли, реге-пејач, текстописец и гитарист од Јамајка, поседувал BMW, не за престиж, туку поради совпаѓањето на неговите иницијали, Bob Marli и Wajlers.

Предложена објава:
Audi R8 надграден од Wheelsandmore

Тјунерската компанија Wheelsandmore на Audi R8 V10 го вгради својот најснажен...

Close