1.5-литарски TSI EVO агрегат од Фолксваген

Новиот 1.5 литарски турбо бензиски агрегат на Фолксфаген, ќе биде со четири цилиндри и прв во фамилијата на новите EA211 TSI EVO погонски единици. За разлика од неговиот претходник, овој агрегат ќе биде поекономичен и помоќен. Ќе биде достапен во две верзии со 128 коњски сили и 147 коњски сили со максимален вртежен момент на само 1.300 вртежи во минута. Агрегатот ќе располага со нов турбо полнач кој ќе го подобри одзивот на агрегатот.

Овој 1.5 литарски турбо бензиски агрегат не само што ќе биде подобрен во перформансите, туку ќе биде и поекономичен во однос на неговиот претходник 1.4 литарски TSI агрегат со 123 ks и намалена потрошувачка до 1 литар на 100 km, благодарение на технологијата за деактивација на цилиндрите.

Предложена објава:
МТМ го надгради Audi RS3

Германскиот тјунер МТМ го претстави Audi RS3 со 502 коњски...

Close