Топ 7 – Автомобили со голема моќ, а мала тежина

Моќ во сооднос на тежина, една од главните причини за намалување на тежината на автомобилите!

Како моторите стануваат полесни и помоќни, така доаѓа до точка каде што на некои автомобили постигнуваат 1 коњски сили за килограм, со релативна контрола на автомобилот, нешто што последните 30 години е сметано за невозможно.

Подоле можете да прочитате листа од 7 автомобили со голема моќ, а мала тежина.

1. Koenigsegg One:1

Добро познатиот Шведски автомобил е во клубот автомобили кои се 1 hp/kg од фабрика. Поседува твин-турбо мотор со максимален вртежен момент од 8.250 вртежи во минута, 1.360 коњски сили и тежина од 1.360 килограми.

Koenigsegg_One1_Front_02

2. Ariel Atom V8

Atom V8 е направен од два споени Hayabusa мотори, кои заедно испорачуваат 10.250 вртежи во минута и 500 коњски сили кои се доволни да го забрзаат Atom V8 до 100 km/h за помалку од 2,3 секунди. Со моќ во сооднос на тежина од 0.909 hp/kg, може да се спореди со GP2 автомобил.

ariel_atom_v8_1

3. Caterham 620 R

620 R е опремен со 2.0 литарски супер чарџер Duratec мотор кој испорачува 310 коњски сили со вкупна тежина на цел автомобил од 545 килограми. Моќ во сооднос на тежина од 0.568 hp/kg, му овозможува на 620R да постигне 100 km/h за 2,79 секунди, забрзувајќи до максимална брзина од 250 km/h.

maxresdefault (5)

4. LaFerrari

Овој автомобил е најбрзиот и најмоќниот автомобил кој некогаш го има напуштено Марнело производителот. Вградени се хибриден мотор со електричен систем на KERS од 163 коњски сили и V12 мотор од 800 коњски сили со максимален вртежен момент од 9.000 вртежи во минута. Со вкупно 963 коњски сили и шасија од 1.255 килограми, моќноста во сооднос на тежината изнесува 0,76 hp/kg.

FERRARI-LaFerrari-4797_35

5.McLaren P1

Хибриден и 3.8 литарски твин-турбо V8 мотори кои испорачуваат 904 коњски сили и вкупна тежина на целиот автомобил од 1.547 килограми, соодносот помеѓу моќ и тежина изнесува 0,593 hp/kg, што овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 2,8 секунди.

McLaren P1 Bahrain-773-crop5184x2670 (1)

6.Pagani Huayra BC

Pagani има вграден V12 BiTurbo мотор од Mercedes AMG, кој испорачува 800 коњски сили. Направен речиси целосно од карбонски влакна, овој автомобил со вкупна тежина од само 1.220 килограми, соодносот на моќ и тежина изнесува само 0,65 hp/kg.

rh_huayrabc-157

7. Caparo T1

Caparo T1 е неверојатен автомобил кој тежи само 470 килограми. Има вграден 3.5 литарски V8 мотор кој испорачува 700 коњски сили и максимален вртежен момент од 9.000 вртежи во минута. Моќта во сооднос на тежината изнесува 1.48 hp/kg, што му дозволува од 0 до 100 km/h да забрза за 2,5 секунди и да достигне максимална брзина од 330 km/h.

2006_Caparo-T1_2006-02

Предложена објава:
На чекор до производство: Погледнете ги фотографиите од овој концепт

За разлика од повеќето футуристички модели, или концепти, овој модел...

Close