Топ 10 – Најбрзи автомобили во светот

Постојат многу начини да се измери автомобилиската совршеност, но максималната брзина е она што ги интересира повеќето.

Aldous Huxley бил во право, дека брзината ќе биде една модерна сензација, но за жал тој замина од делот кога тоа стана забавно. Овие 10 автомобили се повеќе од забава, но сепак тие се најбрзите автомобили во светот. Ние се обидовме да ги издвоиме само автомобилите кои се легитимно признати од автомобилиските медиуми и санкционираните групи.

Постојат некои автомобили кои се појавуваат подготвени да тргнат некои имиња од листата, но SSC сеуште се надева дека титулата за најбрз автомобил во светот треба да ја има Tuatara со своите 1.350 коњски сили, но Koenigsegg тврди дека на својот One:1 максималната брзина е над 430 km/h.

За сега, сепак овие се најбрзите автомобили кои можат легално да поседуваат спортска регистарска табличка.

1. Hennessey Venom GT 

Оваа комбинација на шасија од Lotus Elise и 7.0 литарскиот твин турбо V8 мотор со 1.244 коњски сили, го прават Venom GT најбрзиот автомобил во светот.

Venom GT во 2014 година на Kennedy Space Center во една насока постигна брзина од 435 km/h. За да оваа брзина биде прифатена и легитимна, потребно е возење во две насоки. Поради рачната изработка на овој автомобил, постои дебата дали Venom GT е најбрзиот автомобил. Иако може да ја постигне најголемата брзина, чудовиштето на Hennessey не е признато како најбрз автомобил во светот од страна на Генисовата книга за светски рекорди.

Hennessey-Venom-GT-front-three-quarter-2

2. Bugatti Veyron Super Sport 

Кога Volkswagen го купи брендот Bugatti, имаше само една цел, да направи најбрз автомобил во светот со сериско производство. Оргиналниот Veyron ја постигна таа цел, со цена од 1.7 милиони долари и W16 мотор од 1.000 коњски сили и четири турбо полначи. Сепак Veyron наското беше симнат од врвот од страна на SSC Ultimate Aero, па Bugatti се врати со Veyron Super Sport од 1.200 коњски сили, како и бројно аеродинамички измени со цел да се добие што повеќе брзина.

Со максимална брзина од 431 km/h постигнати на EHRA-Lessein тест патеката на Volkswagen, Veyron Super Sport е признат од Генисовата книга како најбрз автомобил во светот.

BUG_super_sport_08

3. Bugatti Chiron 

Bugatti Veyron е монументален подвиг на инжинерството, прекрасен суперавтомобил. По 10 години подоцна, Volkswagen го претстави наследникот на Veyron, Bugatti Chiron. Со постигнувањето на 420 km/h, со 1.500 коњски сили, Chiron е како ѕвер на синџири. На тркачката патека, Bugatti има за цел да ги „скине овие синџири“, како и актуеланиот брзински рекорд од 435 km/h на Hennessey Venom GT. Иако Chiron е изграден како тркачки автомобил, автомобилот исто така е конструиран за автоматско прилагодување на својата опрема за обезбедување на оптимални перформанси.

landscape-1442257060-01-bugatti-vgt-photo-ext-web

4. SSC Ultimate Aero 

Групата на Volkswagen и престижот на името Bugatti кои се популарни, поголемиот дел од јавноста никогаш не слушнале за Shelby Supercars (SSC). За момент SSC Ultimate Aero беше најбрз сериски автомобил во светот, кога во 2007 година постави рекорд од 411 km/h, со 6.3 литарски твин турбо V8 мотор од 1.287 коњски сили.

ssc-ultimate-aero

5. Koenigsegg CCR

Шведскиот произведувач на суперавтомобили Koenigsegg, кратко ја задржа титулата за најбрз автомобил во светот, кога во 2005 година на италјанскиот Nardo Ring постигна брзина од 388 km/h.

CCR е изграден од карбонски влакна, не многу електрониски помагала, како и 4.7 литарски V8 мотор сопственост на Koenigsegg. И покрај неговата импресивна статика, CCR на момент беше во центарот на внимание. Веднаш после CCR, доаѓа CCKS, а потоа Agera. Koenigsegg за Agera вели дека е базиран на One: 1, кој ќе достигне брзина од над 430 km/h, но тоа сеуште никој не знае.

maxresdefault

6. McLaren F1 

McLaren F1 е повеќе од само поранешен најбрз автомобил. Каросерија од карбонски влакна, 6.1 литарски BMW M V12 мотор обоен во златна боја и центар за возачот, го прави F1 најдобар автомобил некогаш направен, со максимална брзина од 391 km/h.

Година пред него пробаа да го победат Ferrari и Porsche со MP4-12C, но McLaren е познат само како успешен во Formula 1 тимот и веќе непостоечката Can-Am серија. Целта на McLaren, e F1 да е врвен суперавтомобил, но неговиот дизајн го предупреди тркачкото искуство во компанијата. F1 има доста успешна тркачка кариера поазди себе, со што во 1995 година победи на 24 часа Le Mans.

1

7. Aston Martin One-77 

One-77 е најекстремниот и најбрзиот автомобил на Aston некогаш направвен. Предниот дел, може да го дели со стандардната изведба на Aston Martin, но One-77 е сосема друг „ѕвер“. Од овој модел се направени само 77 премероци, а е вграден 7.3 литарски V12 мотор кој произведува 750 коњски сили. Покрај добрите перформанси и добриот изглед, најзначаен е моментот што Aston бил во состојба да направи хипер автомобил без правење многу компромиси.

One-77 докажува дека е неверојатно брз автомобил и дека немора се да е насочено кон перформансите. Изгледот е посебен, како максималната брзина од 354 km/h и ограниченото производство.

aston-martin-one77-iphone-wallpaper-wallpaper-8

8. Jaguar XJ220

XJ220 изгубил шест цилиндри и две погонски тркала на патот до производството, али сепак успеал да ја освои титулата за најбрз автомобил во 1992 година.

Оргиналниот концепт бил со V12 мотор и погон на сите четири тркала, но на производната летна, погонот морал да се промени само на задните тркала, поради твин турбо V6 мотор. Сепак тоа било доволно да XJ220 постигне брзина од 349 km/h на Nardo, кога инжинерите одлучиле да го одстранат лимитерот на вртежи на моторот.

Сепак тоа не било доволно за да задржи место во автомобилската историја. Купувачите не биле толку импресионирани од производната верзија, како што биле од концептот, па во раните 90-ти продажбата пропаѓа.

jaguar-xj220-1992-pics-188186

9. McLaren P1 

McLaren е наследник на F1 со многу повеќе технологија, но не толку брз. Неговата хибридна моќност од 903 коњски сили, неприметно се вклопува во електричната и V8 турбо моќ, со што P1 е еден од најспособниот автомобил некогаш направвен.

При промовирањето на автомобилот, McLaren изјави дека го истакнува возачкото искуство со возење на отворено со максимална брзина од 349 km/h. Компанијата не мислела дека може да се натпреварува со Bugatti.

McLaren P1 Bahrain-773-crop5184x2670

10. Ferrari LaFerrari 

Ferrari LaFerrari е дел од триото со P1 и Porsche 918 Spider, хибридни суперавтомобили кои на светот покажаа дека автомобилските перформански не мора да бидат премногу неефикасни.

Ferrari се софпаѓа со McLaren за максимална брзина. Неговиот 6.3 литарки V12 мотор, е споен со хибриден систем (KERS) кој се користи во Ferrari формула автомобилите. LaFerrari располага со 950 коњски сили и максимална брзина од 349 km/h.

01laferraricarreview

Предложена објава:
Корејците порачуваат: Направете автомобил што ќе ни се допаѓа

Уделот на американските автомобили на пазарот во Јужна Кореја е...

Close