Сите заедно на помош за настраданите од поплавите!!!

Како што сите знаеме, за жал во саботата на 06.08.2016 година се случи втората најголема поплава во Македонија по 54 години, која за жал резултираше со загубени човечки животи и причинета голема материјална штета.

Сега е време сите заедно да се соединиме и да помогнеме на настраданите во поплавите. Автомобилските клубови на социјалната мрежа Facebook се организираат за помош на настраданите и донирање на материјални средства. Хонда Клуб Македонија веќе ги организира останатите клубови за донирање на средства.

“Како претседател на Хонда клуб Македонија организираме собирен пункт пред ВИП Арена (сала Борис Трајковски) утре, вторник во 14 часот на големиот паркинг за собирање на средства за настраданите од големото невреме во с. Стајковци и Ченто. Апелирам до сите слободни пријатели и другари од сите клубови да се собереме како што се собираме на авто собири и да донираме колку што можеме. Дел од средствата ќе бидат наменети и за нашиот другар Антонио Илиќ чиј дом е поплавен, воедно и да се собереме оние кои сме во можност за да дадеме физички допринос околу чистење на неговиот дом. Потребни средства: тоалетна хартија, анти бактериски гелови, вода, конзервирана храна, средства за лична хигиена… Слава им на починатите. Со почит, Драган Тотиќ.”

Веќе се креирани хуманитарни пунктови за донации материјални средства во Скопје, па секој кој што е во можност, колку може да донира.

1. МИТ Универзитет, Центар, City Gallery 10-17 часот
2. Поранешен Жито Лукс, ул Иван Аговски бр 10, Карпош 1
3. Сите основни училишта, општина Аеродром, 8-20 часот
4. ВЕРО центар, од 13 часот
СИТИ МОЛ, од 10 до 22 часот;
5. НАНО бар во Дебар Маало, секој ден, 8-01 часот
6. Момин Поток
7. ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ 25-ти Мај се наоѓа во Ченто таму е крајниот пункт за предавање на донациите
8. Општина Гази Баба
9. Во ООУ „Гоце Делчев“ Аеродром во Горно Лисиче и Долно Лисиче е отворен пункт за собирање на донациите, 8.8.2016 г. од 8-22ч
10. Пункт за оставање и за подигање донации во Инџиково: кај автобуската кај игралиштето.
11. Хуманитарна организација ” Св. Спас ” – Драчево, Информации на тел. 078/383-743 отец Оливер
12. Кисела вода, пред маркетот Веро, 8-20 часот
13. Krstevski music: 3 члено семејство на 2-3 дена, krstevski _music@yahoo.com i ostavete tel br..
14. Понеделник, 14:00, на големиот паркинг пред Борис Tрајковски
15. Cat Cafe, Карпош 3. Денес и утре од 19 до 24ч
16. Сојуз на стопански комори, за КОМПАНИИ, бул. Митрополит Теодосиј Гологанов 1 или преку контакт телефонот 02/3091440 од 09-17 часот.
17. My market, нас. Илинден, 8-22 часот
18. Cat Cafe во Карпош 3 (задниот дел на трговскиот Алумина)? Денес и утре од 19-24 часот
19. Општина Карпош. Млечен ресторан, од 18:00 до 22:00 часот.

Најпотребни работи се: флаширана вода, конзервирана храна, обувки, облека за деца и возрасни, храна и пелени за бебиња, ќебиња и се друго останато што може да биде од помош  на настраданите.

Освен материјални средства, може да се донираат и парични средства во износ од 100 денари од сите оператори на телефонскиот број на Црвениот Крст 143-400.

 

БИДЕТЕ ХУМАНИ, ПОКАЖЕТЕ ЈА ХУМАНОСТА НА ДЕЛО!!!

Предложена објава:
V8 на Audi заминува во историјата?

Најновиот V8 мотор на Audi најверојатно би бил и последен...

Close