РКЕ одлучи, од полноќ поскапи цени на горивата

Со денешната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика од полноќ ќе имаме поскапи бензински и дизел горива.

Согласно денешната одлука, цените на бензиските и дизел горива поскапуваат за 1.5 денари, односно 2 денари за литар. Со самото тоа цената на EУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 63,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 65,00 денари и дизел горивото ќе се продава со цена од 50.00 денари за литар.

Денешната одлука на РКЕ ќе биде во важност од полноќ, во текот на наредните две недели, кога се очекуваат нови цени за горивата.

Предложена објава:
Euro NCAP: Hyundai Ioniq краш тест

Хибридот на Hyundai, Ioniq на краш тестот за издржливост освои...

Close